Романтична вечера во друштво на својот партнер и уживање во вкусна храна во еден од најубавите ресторани.

Чинот на вечера станува многу поинтимен кога ќе излезете да јадете на прекрасно место со поглед кој го одзема здивот. Има многу земји со богата историја, природна убавина и раскошна кујна, додека во најромантичните градови во светот постојат  голем број на кафулиња и ресторани кои ќе ве воодушеват со своето мени, но и со раскошните и романтични ентериери.

Без разлика дали славите некоја посебна пригода или сте на одмор, мора барем еднаш да ги посетите овие романтични ресторани со најдобрите гастрономски менија во друштво на вашиот партнер. Каде и да патувате, во секој град може да се види скапоцен камен, а ние ги издвоивме топ 10-те во галеријата.

LA TOUR D’ARGENT, ПАРИЗ
Секој агол на Париз зрачи со љубов и романса, додека Градот на светлината има многу убави објекти каде што можете да уживате во класичната француска кујна. La Tour d’Argent, елегантен ресторан кој датира од 16 век кога служел како трпезарија за благородниците. Тоа е ресторан со Мишелин ѕвезди и со поглед на катедралата Нотр Дам и реката Сена. Познат е по некои од најдобрите француски јадења, вклучувајќи ракови фламбини со коњак и широк спектар на вина.
Ambrosia Restaurant – САНТОРИНИ

Санторини е едно од најромантичните места на планетата, порати тоа е популарна дестинација за свадби и меден месец. Сместен на врвот на карпата Калдера во селото Оја на Санторини, ресторанот Амброзија е прекрасно место за јадење со поглед на Егејското Море. Можете да уживате во вкусните јадења послужени во интимен амбиент со бели покривки на маса осветлени со свеќи на терасата или да вечерате во двете  затворени сали. Ресторанот нуди широк избор на гурмански грчки јадења.

Restoran Nautika – Хрватска 

Ресторанот Наутика се наоѓа на работ на морето, нуди препознатливи јадења кои зрачат со автентични локални вкусови. Се наоѓа веднаш до влезот во Стариот град на Дубровник и нуди неверојатен поглед на тврдините Ловеријенац и Бокар. Надалеку е познат како еден од најромантичните ресторани во светот и го има шармот од минатото. Готвачот Марио Бунда направи вкусно мени од медитеранска кујна кое вклучува јагнешко во далматински стил.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНИХОН-ЏИ ФЕСТИВАЛ НАСКОРО ВО СКОПЈЕ
Следна објава10 најромантични ресторани кои треба да ги посетите барем еднаш во животот (втор дел)
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ