Од далечните планети, акциони светови и необични лаборатории пристигнаа супер хероите во Скопје Сити Мол. Дојдете на несекојдневна и уникатна изложба за да имате незаборавно доживување кое Ви го овозможуваме целосно бесплатно и тоа од 04 jануари до 30 jануари.

Без разлика дали сте страствен обожавател на стрипови за суперхерои или сте ги гледале во филмови, сега имате можност да ги запознаете и да направите супер селфи со Wonder Woman, Superman, Spiderman, Ironman, Thor, Catwomаn, Batman, Wasp, Groot и Capitan America.

За комплетно искуство на целото семејство вашите омилени акциони филмови како Spiderman и филмот Matrix се прикажуваат и во киното Синеплекс.

Но, не ги забораваме и најмалите оние кои се најмногу возбудени. За нив Скопје Сити Мол на вториот кат подготви уникатни интерактивни тури – “Биди и ти супер херој”.

Термините започнуваат од 08-ми (сабота) 18часот, 09ти (недела) 13часот и 17:30;

Во текот на сите викенди во текот на месец Јануари, термините ќе бидат:

Петок 19:00 часот

Сабота 18:00 часот

Недела 13:00 часот и 17:30

Поради протоколи, ќе биде ограничено учество на деца. Затоа не заборавајте 30мин. пред закажаната тура да се запишете на листата на инфо пултот за Супер Херои (втор кат, пред кино Синеплех).

Дојдете и направете селфи со вашиот омилен супер херој!

Ве очекуваме на уживање и незаборавни моменти за целото семејство.

Ваш Скопје Сити Мол

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСиднеј: Гламурозен ентериер во куќа на плажа
Следна објаваНова колекција на BALMAIN – есен 2022 наречена „Нов француски стил“
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ