Во Културно-информативниот центар – Скопје – (Салон Империјал 2) на 8 мај ќе се реализира отворањето на изложбата на керамики од Соња Поповска Трајковска насловена „Животни“.
“Животните се голема инспирација за уменичкото творештво. Нивната разноликост е површина за обработување со многу капацитет за текстура, стилизација, линија. Урбаноста на секојдневието ме наведе да им посветам дел од серијалот /циклус на животните, кои се најчесто од нашево поднебје, (не дека ги нема низ светот)”, изјави Соња Поповска Трајковска.
Со Магарето почна се и така му се придружија преостанатите. Скулптурите се мал формат, моделирани во керамичка замја, печени, теракота. Продолжувам со овој материјал од многу причини, можности за обработување на површината, перфорирање а воедно задржан волумен. Делата на изложбата се изработени оваа година.
______________________
Биографија:
Соња Поповска-Трајковска, родена 07.01.1969 Скопје. Дипломиран скулптор со керамика ФЛУ Скопје 1997 година. Од 1997 година активно редовно учествува на многубројни групни изложби во и надвор од Македонија, како и бројни самостојни изложби, организира и реализира авторски мултимедијални проекти. Организатор во здружение на граѓани Училница осум 8, член на ДЛУМ и др. Редовен ликовен педагог во ООУ Димо Хаџи Димов, Скопје.
Изложбата ќе биде отворена до 15.05.2023 година
Извор: ЈУ Културно информативен центар-Скопје.