Louis Vuitton дебитира со кампањата за накит High Jewelry и ја ангажираше  амбасадорката на брендот Alicia Vikander.
Презентирајќи ја најновата колекција на луксузниот бренд наречена „Bravery“, истакнати се парчињата накит кои му оддаваат почит на потписот на модната куќа, а го одбележуваат и 200-тиот роденден на основачот.На фотографиите на Steven Meisel, со стилските дела на Carine Roitfeld, актерката од А-листата позира со ѓердан Le Mythe, со блејзер преку рамењата додека гледа во објективот.
„Одразувајќи ја раната употреба на неговиот личен потпис од страна на Louis, Le Mythe е повеќеслојно парче накит што комбинира неколку симболични мотиви на Louis Vuitton: дезен на Damier и сега иконскиот монограмски цвет“.
Уметничката директорка за часовници и накит на Louis Vuitton, Francesca Amfitheatrof, создаде луксузни дизајни направени од дијаманти, опали, смарагди, сафири и рубини.
Покрај принт кампањата, Alicia учествува и во краток филм во кој трча низ градината за да влезе во бутикот на Louis Vuitton.Видеото е снимено со музичка подлога на групата „Outro“ М83.
https://youtu.be/M_Hpq0MrKfA
СПОДЕЛИ
Претходна објаваПариз: Најубавите елки во париските хотели
Следна објава12 значајни моменти кои го одбележаа светот на модата во 2021 година
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ