И покрај фактот дека годината што е зад нас не може да се пофали дека е „пост-пандемијска“, кога модата е во прашање, имавме многу причини да се чувствуваме возбудени. Виртуелните модни моменти ги освоија интернетот и модните ентузијасти.

ALAÏA

Значајни модни дебитанти, познати личности кои експериментираа на црвениот тепих, враќањето на Модните недели, се само дел од модните моменти кои ја одбележаа годината која е зад нас. Многу дизајнери нè наведоа да размислуваме, како што се  Marck Jacobs, Balenciaga-in Demna, Alessandro Michele од Gucci и мноштво млади талентирани луѓе кои создаваат ширум светот.

 BALENCIAGA

Неодамна во модниот свет ништо не привлече внимание како дебито на новиот креативен директор на Баленсијага. Сè беше испланирано до најмалите детали. Фармерки со висок струк, скулптурни фустани и препознатливите тренч палта на Balenciaga. гордо сместени во автентичниот амбиент на Avenue George V.

GUCCI X BALENCIAGA

Неочекуваната соработка на двете познати куќи Gucci и Balenciaga, како и нивните креативни директори, е само еден во низата настани што не возбуди. Францускиот дизајнер JACQUEMUS се врати во полн сјај по едногодишна пауза со спектакуларната модна ревија во Париз.

JACQUEMUS

Чевли на џиновска платформа и вештачко крзно се само дел од деталите на колекцијата „Happiness“ на Марк Џејкобс, за која на големо се зборуваше.

MARC JACOBS

„Позлатени бели дробови“ кои ги носеше Бела Хадид на црвениот тепих во Кан.

BELLA HADID

Неверојатната колекција на брендот Валентино беше спектакуларно прикажана во венецијанското бродоградилиште.

VALENTINO

“Weet look”, фустанот од Balmain, златниот метален елек се само дел од изгледите кои се заслужни за титулата модна икона на Зендаја.

ZENDAYA

40-те познати дизајнери кои му оддадоа почит на Алберт Елбаз на модната недела во Париз никого не оставија рамнодушен.

A TRIBUTE FASHION SHOW IN HONOUR OF ALBER ELBAZ

Џенти Јејтс, костимографка на филмот  “House of Gucci”, истакна дека во текот на 54-те дена од снимањето на Лејди Гага, во улогата на Патриција Реџиани, никогаш не го повторила изгледот, дури ни обетка, која дефинитивно го однесе Gucci на врвот на модни моменти во изминатата година …

 LADY GAGA / HOUSE OF GUCCI

Нема човек од модната индустрија кој не бил шокиран од веста за смртта на модниот магионичар Вирџил Абло. Неговата дијагноза остана тајна до самиот крај, додека неговата работна етика и позитивната перспектива не наведоа да веруваме дека е во добра здравствена состојба.

VIRGIL ABLOH

Долгоочекуваната премиера на SATC „And Just Like That“, покрај многуте изненадувања, што се однесува до модата, беше храбра и фокусирана како што очекувавме. Ја видовме Миранда во Dries Van Noten, Кери остана доследна на Маноло Бланик додека Шарлот не изненади со Оскар де ла Рента.

CARRIE / AND JUST LIKE THAT

Во годината пред нас, очекуваме многу модни изненадувања …

Среќна Нова 2022 година, во посакува Divianarts.com 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваДизајн: Louis Vuitton дебитира со кампања на накит High Jewelry
Следна објаваИзабел Марант дебитираше со прва колекција за скијање
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ