Француската дизајнерка Изабел Марант ја претстави својата прва колекција облека за скијање во соработка со Mytheresа.
Со 33 парчиња, стиловите кои ги претстави дизајнерката изгледаат одлично за скијачките патеки, но и за уживање во хотелите на снежните падини.
Моделот Хедер Кемески се појавува на фотографии во каталогот фотографирана од Фери ван дер Нат.
Снимена на снежна позадина, бринетата ни претставува паф јакна, луксузни џемпери, ракавици, ленти за глава и многу повеќе.Палетата на бои првенствено доаѓа во беж нијанси со акценти во розова и жолта боја. Чизмите Novles совршено се совпаѓаат со дизајнот на облеката за скијање и се надополнети со врвки во фуксија боја.

НЕМА КОМЕНТАРИ