Сè уште гламурозна на 88 години, таа ја спомена нејзината сопственост на недвижен имот минатата година во едно интервју, велејќи дека сакала да работи, инаку како би издржувала четири домови! Но Џоан го продаде својот дом во Холивуд во 2017 година, а сега одлучи да го напушти и својот стан во Њујорк. Таа живее во Лондон, но летува во својот дом во Сен Тропе на југот на Франција.

Џоан Колинс почнала како дете да работи како актерка. Нејзиниот татко бил уметнички менаџер, кој соработувал со Том Џонс и Битлси, а нејзината сестра Џеки Колинс стана позната по нејзините популарни романи, по кои се снимија многу филмови во кои глумеше Џоан. Покрај улогата во Династија, Џоан Колинс се прослави и со улогите на „лоши“ жени. Во 2015 година, кралицата Елизабета и оддаде признание на актерката за нејзината филантропска работа.

Ѕвездата имала куќи во градовите во кои најмногу работела, но одлучила дека сите не и се потребни.

Станот е во центарот на Менхетен, блиску до Централ парк, каде има многу ресторани и продавници.

Актерката го купила во 2002 година со нејзиниот петти сопруг, филмскиот продуцент Перси Гибсон. Станот, изграден во 1957 година, е светол со „отворена“ конфигурација, има две мастер спални соби и трета гостинска спална соба. Има многу прозорци кои овозможуваат пристап кон прекрасен поглед на градот, а има и шеснаесет плакари за огромна колекција облека, обувки и модни додатоци, на кои би и позавидела Алексис, хероината која и донесе најголема популарност.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваИзабел Марант дебитираше со прва колекција за скијање
Следна објаваИнспирација: празничните забави бараат посебна шминка
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ