Највисоката жичарница во Европа нуди престој во партнерство со Airbnb за незаборавна ноќ која долго ќе ја паметите.

Сместувањето се наоѓа на надморска височина од 3.500 метри на масивот Мон Блан, кој се издигнува до 4808 метри и е највисокиот врв во Западна Европа.

Незаборавното искуство, им овозможува на среќните скијачи да преноќат на футуристичката станица на жичарница Хелбронер Поинт, која е преуредена за да ги прими гостите.

Пунта Хелбронер е трансформирана за ноќевање, обезбедувајќи невиден пристап на гостите кои ќе спијат во „Собата Мон Блан“ – спектакуларен прозорец од подот до плафонот кој нуди вртоглав поглед на Алпите покриени со снег.

Гостите ќе можат да уживаат во возењето со жичарница на Мон Блан Курмиер и да имаат ексклузивна можност да скијаат пред официјалниот почеток на скијачката сезона. Секако, после целата таа физичка активност, можете да уживате во оброкот во ресторанот Tavolo dell’infinito, на жичарницата Пунта Хелбронер.

Конечно, за да се опуштите, упатете се во собата со панорамски поглед, специјално опремена за таа прилика со парчиња од водечките дизајнери како што се Алвар Алто и Витра.

НЕМА КОМЕНТАРИ