Од сабота па се до 31-ви декември, шопингот во Skopje City Mall добива празнична димензија и се претвора во вистинско волшепство. За врвно празнично шопинг искуство  подготвија богата новогодишна програма, ја накитија највпечатливата елка во градот, а за магична шопинг пауза, пред молот се поставени штандови со варено вино и голем избор на „street food“ и се тоа проследено со богата музичка програма.  Едноставно кажано „Волшепство во градот“.

Skopje City Mall со нетрпение ве очекува во сабота (04.12) да се придружите на новогодишниот базар и заеднички да ја споделиме празничната магија.

Првиот ден од новогодишниот базар ќе започне со богата музичка програма, DJ, музички перформанс „Писмото на Дедо Мраз“, како и концерт на Тамара Тодевска, а свечено ќе светне и најубавата елка во градот.

„Новогодишниот базар пред Skopje City Mall го направивме со цел на граѓаните да им овозможиме  да ја почувствуваат празничната магија во Скопје, но и со цел да имаат неповторливо празнично шопинг искуство. На посетителите сакаме да им подариме радост, среќа, добри вибрации и заедно да си посакаме годината која што доаѓа да биде посреќна и поубава“, објаснуваат од Skopje City Mall.

Новогодишниот базар ќе трае од 4-ти до 31-ви декември, а покрај богатата програма, за посетителите се подготвени и бројни изненадувања и подароци.

Погледнете ја програмата за наредните денови.

Дојдете, посакајте желба и сонувајте!

Ве очекуваме во Skopje City Mall.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНова H&M колекција „Непосредно пред да започне забавата“
Следна објаваAirbnb нуди незаборавна ноќ на Mont Blanc која долго ќе ја паметите
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ