Sвездена линија Tiffany & Co.

Без разлика дали купувате подарок за некој друг или за себе, водичот за новогодишните подароци на луксузен накит за 2021 година е полн со препораки на луксуз – од впечатливи парчиња од розово злато и блескави дијаманти до препознатливите Tiffany T и HardWear парчиња кои на сите ќе им се допаднат.

Доколку сакате да го подобрите празничното расположение со бои, Tiffany ја предлага легендарната Bird On A Rock од Jean Schlumberger. Шик брош беше кој претставен во 1956 година со жолт Tiffany дијамант, а сега доаѓа во форма на исклучителен дизајн обложен со дијаманти.

Оние кои знаат дека дијамантите никогаш не се доволни, можат да уживаат во креациите на Tiffany Victoria, вклучувајќи прстени, ѓердани и обетки, кои ја доловуваат формата и движењата на цвеќињата и виновата лоза, волшебни дизајни кои светкаат и се изработени од жолто и розово злато со акценти на дијаманти.

Тука е и елегантната колекција Tiffany T која го слави препознатливиот Т мотив на куќата со фокус на зајакнувањето. Совршен за секојдневно носење е и прстенот T1 и златната нараквица украсена со дијаманти за блескав крај на годината.

Доколку сакате смели, но во исто време и поелегантни парчиња накит, тука е Tiffany HardWear, која ги комбинира индустриските форми и го отелотворува духот на Њујорк. Покажете го вашиот став со Graduated Link ѓердан со впечатливи дијаманти, Wrap нараквица или Link обетки кои сигурно ќе донесат радост.

На крајот, нема да сакате да ги пропуштите домашните додатоци кои убаво ги комбинираат формата, функцијата и луксузните материјали и со својот дизајн внесуваат нота на луксуз во секој простор. Можете да изберете луксузни вазни, свеќници Elsa Peretti, чаши, како и празнични украси за да го подготвите вашиот дом за празничната сезона.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЕнтериер: погледнете во канцеларијата на италијанската модна дизајнерка Донатела Версаче
Следна објаваТри прекрасни вазни од култните брендови Venini & Versace
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ