Внатрешниот дизајн на канцеларијата во Милано на италијанската модна дизајнерка Донатела Версаче е направен во стилот на ревиите на високата мода и белите  лаконски модни писти.

„Мојата канцеларија е украсена со бели тонови, така да кон мојата работа можам да пристапам со чист ум. Но, не е присутна само белата боја, бидејќи јас сум Донатела Версаче. Белото е со златни орнаменти, елеганција и страст. Не можам да работам во чиста бела соба, ми треба присуство на живот. Мојата канцеларија ме отсликува мене и моите емоции“, напиша креативната директорка на еден од најпопуларните брендови на својот Инстаграм профил.

Донатела Версаче сака смели модни комбинации на облека, а нејзиниот талент за комбинирање е неспоиви комбинации се гледа во многу колекции. Сепак, таа не претерала во дизајнот на ентериерот на нејзината канцеларија – каде и да погледнете, насекаде ќе видите бело и ќе најдете одлични акценти. Канцеларијата е надополнета со трпезариски столчиња и кадифен тросед од најновата колекција Versace Home.

Цветните аранжмани остануваат единствената светла точка во целиот ентериер. Букетите исто така стануваат средство за менување на палетата на бои, како и на расположението кое преовладува во амбиентот, во зависност од сезоната.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваТренд: Норвешки концепт Koselig ( новиот Hygge?)
Следна објаваПразнична и Sвездена колекција на Tiffany & Co.
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ