Приказната за трендовите секогаш се врти околу модата, но јасно ни е дека трендовите се всушност многу повеќе од тоа.

Изглед, да секако, но и она што се случува во нас самите, а во преминот од сезона во сезона, особено како што годината се ближи кон крајот, се случува многу. Затоа последните два месеци од оваа обична-невообичаена 2021 година ги посветуваме не само на надворешноста, туку и на она внатре, а тоа се трендови или размислувања кои ќе ги примениме.

Што е Koselig?  новиот  HYGGE?
– Тоа е норвешкиот начин да се долови сè што е благопријатно и здраво.

Сега веќе култниот дански концепт, hygge, го доведовме до совршенство – ако нешто научивме во претходниот период, тогаш тоа е посветување на себеси и уживање во самотија. Но, да не заборавиме дека сè уште сме социјални суштества на кои одвреме-навреме им недостига малку акција, динамика, настани и возбуда што можеме да ги доживееме само во друштво. Оваа зима се бориме против осаменоста и „зимскиот блуз“, на што не учи норвешкиот концепт на коселиг.

Повеќе од сè друго, коселиг е чувство: чувство на удобност, интимност, топлина, среќа, задоволство. За да го постигнете чувството на коселиг, потребни ви се коселиг работи. Во помрачните месеци, кафулињата обезбедуваат ќебиња на нивните надворешни столчиња, а продавниците ги осветлуваат влезовите со свеќи.

Уште еден важен елемент на тоа космополитско чувство е запален оган. Многу норвешки куќи и колиби имаат печки и камини на дрва и ќе видите вреќи со дрва кои се продаваат низ цела Норвешка во зима.

Запалете свеќи, создадете пријатна декорација во домот, јадете здрава храна, топли пијалоци, одете на скијање или санкање, останете во контакт со пријателите …

КОСЕЛИГ СТИЛСКИ МИКС

Кога станува збор за модните трендови, правилата се прилично едноставни – покажете што можете да направите! Oдважни бои кои привлекуваат внимание, принтови кои го следат вашето расположение, комбинацијата од различни стилови и кроеви ќе покажат дека оваа, а се надеваме и секоја наредна сезона, сте сериозни во однос на изразувањето на вашиот стил.

НЕМА КОМЕНТАРИ