
Имено, со неколку совети кои можете да ги прочитате подолу, можете да најдете и вие облека благодарение на која вашите комбинации секогаш ќе оставаат впечаток на луксузна гардероба. 1.Облеката мора да ви стои совршено „Ако некоја облека не одговара на моето тело како како што би сакала, тогаш таа облека ја носам кај мојот локален кројач – тоа е клучот“, вели инфлуенсерката Маријана Смит. „Сакам да носам палта и џемпери еден број поголем“, додава таа.
- Неутрални и едноставни бои
„Мојот прв совет би бил да барате неутрални бои или барем едноставни бои бидејќи тоа прави вашата облека да изгледа шик, а добрата страна е што можете да ја носите почесто отколку облека со принт“, истакнува француската блогерка Ида Баџи Сане. . „Бонус совет? Одлучете се за врвни ткаенини како памук и волна“, заклучува таа.


3. Имајте добра основа „Кога се чувствувате добро во некоја облека, тогаш таа гардероба ќе изгледа добро. Секогаш е паметно да имате неколку омилени кроеви за кои знаете дека позитивно влијаат на вашата самодоверба, а потоа таа основа да ја надградите со други парчиња“, е мислењето на Јатри Параби.



















