Pata е едно од омилените јадења на луѓето ширум светот. Кралицата на pasta, односно главната состојка се тестенините. Готвењето тестенини на почетокот изгледа прилично едноставно, но совршено сварените тестенини кријат неколку тајни или правила кои мора да ги следите. Заедно со пицата, тестенините се заштитен знак на италијанската кујна. За да дознаеме која е тајната, ги прашавме италијанските готвачи бидејќи нема подобра адреса за да го дознаеме клучот за совршено зготвени, al dente тестенини.

Не е важно кои тестенини најмногу ги сакате, дали се тоа шпагети, фусили или пени, важно е само да се сварат ал денте.

Подолу можете да дознаете кои се тајните на совршено сварените тестенини.

1. Никогаш не ставајте масло во водата во која ги готвите тестенините.

2. Важно е водата да зоврие.

3. Солта е многу важна, но посолете ја водата во која ќе ги готвите тестенините дури откако водата ќе зоврие.

4. Никогаш не ги плакнете тестенините со ладна или топла вода.

5. Тестенините од водата во која се варени префрлете ги директно во сосот бидејќи скробот кој тестенините го испуштиле во водата е клучен дел од секој сос.

НЕМА КОМЕНТАРИ