Venini и Versace се култни брендови, синоним за стилска извонредност кои работат на две полиња: мода и дизајн.

По повод Миланската модна недела 2021 година, Venini и Versace ги претставија плодовите од нивната соработка: три оригинални вазни во ограничени изданија кои гордо беа изложени за време на модната недела во излозите на бутикот Venini на Via Montenapoleone и бутикот Versace Home во Via Durini.

Брендовите соработуваат од 1997 година, кога Џани Версаче одлучи да создаде ограничени изданија од стакло и го избра Venini да го изрази уникатниот стил на модната куќа со нејзиното уметничко наследство.

 


Секое парче кое е дизајнирано од Versace се фокусира на создавање силно естетско влијание со хроматски контрасти и непогрешливи детали. Во меѓувреме, Venini го покажа целото свое уметничко и занаетчиско наследство во обработката на Мурано стакло, традиција која датира од 1200 година. Навистина, новите вазни Gessato, VVV и Smoking го зборуваат јазикот на мајсторите и ги пренесуваат нивните движења и техники во уникатна елеганција, фокусирајќи се на луксузните детали, како што се додавањето златен лист и медуза, неприкосновен симбол на брендот Versace.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПразнична и Sвездена колекција на Tiffany & Co.
Следна објаваЏорџо Армани советува: 5 основни работи кои секоја дама треба да ги поседува
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ