
СИЕНА, ИТАЛИЈА Град од бајките со средновековен карактер и импресивна архитектура, кој автоматски ќе ве врати во времето на витезите! Со шармантни катчиња, Сиена е една од дестинациите во кои патниците се вљубуваат од првиот момент, додека за нас е една од најповолните опции. Атракцијата на градот која мора да се види е познатиот плоштад Piazza del Campo, еден од најголемите средновековни плоштади во Европа, кој со векови го задржува својот стил и карактер.
РЕЈКАВИК, ИСЛАНД
Тој е најсеверниот главен град на светот. Една од главните причини по што се истакнува е темнината која го преплавува целиот град во текот на зимата. Исланѓаните се домаќини на фестивалот на светлата со концерти, ласерски претстави и карневалски атракции. Старите згради и знаменитости се „преплавени“ со светла и целото чувство што им се нуди на посетителите е навистина уникатно.
ШАМОНИ МОН БЛАН, ФРАНЦИЈА
Во подножјето на Мон Блан и помеѓу границите со Франција, Италија и Швајцарија, тој е еден од најдобрите зимски центри во целиот свет – рај за љбителите на скијањето. Покрај десетици одлични скијачки патеки, гостите имаат можност за уште многу зимски активности, додека за оние кои бараат забава и релаксација има бројни барови и ресторани со неверојатни јадења со автентичен француски потпис. За авантуристите, качувањето на мраз е спорт што вреди да се проба, подигнувајќи го својот адреналин до нови височини.

















