Иако сме само во октомври, дозволуваме сезоната на празници да ни влезе во срцата со нејзината топлина веќе сега…
Подготвувајќи се за празничната сезона, Dior Makeup ја претстави целата своја Holiday колекција, која вклучува производи за нега на кожа, парфеми и шминка, каде што ќе ги понуди своите најнови парчиња и бестселер производи што ќе можете да си ги подарите на себе или на вашите најблиски.
Колекцијата е претставена со годишниот Адвент календар, кој содржи 24 минијатурни верзии на производи Dior, од парфеми, шминка, производи за нега на кожа и миризливи свеќи.
Покрај тоа, креативниот директор на Dior Makeup, Piter Filips, ја состави колекцијата Atelier of Dreams, која содржи Rouge Dior Minaudiere, метална златна футрола со гравирани кармини. Асортиманот вклучува и нови палети, кои ги сочинуваат празничните нијанси.
Ви предлагаме да ја разгледате нашата галерија за да го разбудите празничниот дух во вас токму сега. Колекцијата ќе биде достапна за купување од 25 октомври преку Интернет, а од 1 ноември во бутиците на брендот.
СПОДЕЛИ
Претходна објаваТренд боја на сезоната- како познатите ја носат кафената боја
Следна објаваЧетири зимски дестинации кои требада ги додадеме на листата за патување
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ