Ultima Collection го објави најновото дополнување во своето портфолио – Ultima Cannes Le Grand Jardin.

Единствениот приватен имот на островото Света Маргерита, Ultima Cannes Le Grand Jardin е историски имот во приватна сопственост, затворен со sидови кои порано биле дом на благородници и членови на кралското семејство, како на Луј XIV и светската елита. Како и постојаните објекти на Ultima Collection низ Европа, така и Le Grand Jardin ќе има најмодерен декор,содржини и највисоко ниво на услуга, а ќе понуди целосно ексклузивно и уникатно искуство на Азурниот брег

Познато по својата недопрена убавина, островот Св. Маргерита е најголемото од четирите острови во архипелагот Lérins. Привлекувало уметници и фотографи како Пикасо и Ли Милер, кои честопати барале засолниште од копното на овој беспрекорен остров. Францускиот авангарден сликар Френсис Пикабија бил фасциниран од извонредната флора, фауна и светлина на островот, тоа се гледа во неговата слика  L’ile Sainte-Marguerite. Достапно со ексклузивен брод (само 10 минути од Кан) или со хеликоптер, ќе им даде можност на своите гости да се чувствуваат како да престојуваат на свое, затскриено приватно острово.

Овој уникатен имот од 13 век е опкружен со ботанички парк од 14.000 квадратни метри. Чемпреси, палми, маслинови дрвја и локални цвеќиња ја завршуваат оваа идилична сцена, а убавите шеталишта ги водат гостите во ботаничките градини на имотот исполнети со миризливи рози и ириси.

Готвачите ќе бидат достапни за гостите и ќе нудат оброци „од фарма до вилушка“, што ќе обезбеди врска со природата и ќе обезбеди уникатно искуство по кое е позната Ultima.

НЕМА КОМЕНТАРИ