Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон беа меѓу првите во светот што уживаа во новиот филм за агентот 007, последен во кој Џејмс Бонд го игра Даниел Крег, а идната кралица изгледаше достојна за таа титула. Ако ги прашате медиумите – достојна за божица!

Кејт Мидлтон не шета често на црвениот тепих, но кога ќе оди, дефинитивно знае да остави впечаток. Овој пат, тоа го направи во тоалета со потпис на нејзината омилена дизајнерка Џени Пекам, а станува збор за модел во златна боја украсен со прекрасна наметка.

Под градите, сребрени и златни нити од монистри почнуваат да се шират и создаваат илузија на сончеви зраци, а кристали и монистри ја красат ефектна наметка што ги нагласува рамената. Интересно, војвотката од Кембриџ избра модел кој е полутранспарентен во долниот дел.

Кејт, во согласност со кралското издание, се одлучи за коса подигната во пунџа, што дополнително ги нагласи златните висечки обетки на брендот Onitaa.

Членовите на кралското семејство, кои покрај Вилијам и Кејт, ги претставуваа и принцот Чарлс и Камила Паркер,кои разговараа со актерите кои играат во филмот No Time to Die.

СПОДЕЛИ
Претходна објава10 најдобри стајлинзи на црвениот тепих од премиерата на 25 -от филм за Џејмс Бонд (видео)
Следна објаваПатувањa: Луксузен еко имот Ultima Cannes Le Grand Jardin
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ