По 18 месеци одложувања и стагнација, конечно синојќа се одржа светската премиера на  „Не е време за умирање“ во Ројал Алберт Хол во Лондон.

Филмот го означува и петтото и последно појавување на Даниел Крег во улогата на агентот 007.

Актерот присуствуваше на премиерата заедно со колегите, вклучувајќи ги и Бонд девојките Леа Сејду, Ана де Армас, Ласана ланч и Наоми Харис. Настанот, исто така, привлече кралски гости, војводи и војвотки и познати обожаватели на Бонд, вклучувајќи ја и тенисерската шампионка Ема Радукан.

Војводата и Војводката од Кембриџ 

Не сме сигурни дали Крег воопшто излезе од улогата на агентот, но неговата облека на црвениот тепих секако беше достојна за кодот 007. Со шмекерски изглед, тој го носеше темно розово – кадифеното сако од Андерсон и Шепард, под кое се гледа  бела кошула, усогласена со црни панталони, чевли и пеперутка вратоврска.

Исто како него, впечатлива беше првата Афроамериканка жена 007, Ласана Ланч во Вивиен Вествуд кутур тоалета, како и Бонд девојките: елегантната и софистицирана Леа Сејду и сензуалната Ана де Армас.

На пејачката Били Ајлиш и припадна честа за саундтракот на филмот, што можете да го слушнете подолу. Погледнете ги најдобрите изданија од црвениот тепих на премиерата на филмот во нашата галерија.

НЕМА КОМЕНТАРИ