Италијанскиот луксузен бренд ја претстави актерката Eiza González како амбасадор на брендот со новата рекламна кампања снимена од Greg Swales.

(Eiza González е мексиканска актерка и пејачка)

На фотографиите, Eiza позира облечена во ѓерданот Magnifica Serpenti Crescendo со дијаманти и смарагди. За снимањето, Eiza беше стилизирана од  Elizabeth Saltzman.

„Исклучително сум возбудена што можам да објавам дека ќе се придружам на семејството BULGARI! Неверојатно сум горда што станав првата латино девојка која е амбасадор на овој престижен бренд. Сакам да ви се заблагодарам и чест ми е што сум дел од толку познат италијански бренд. Длабоко сум благодарна и воодушевена од иднината на нашето партнерство “, напиша sвездата на Инстаграм по повод новата соработка.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЏоан Смалс и Лили Олдриџ позираат заедно во новата есенска кампања на Lauren Ralph Lauren (видео)
Следна објаваGUCCI Décor: бидете кустос на вашиот животен простор
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ