Кој град ви паѓа на памет прв, кога фантазирате патувања што би сакале да ги доживеете оваа година?

За многумина од нас, тој град е Париз. Градот на светлината, за кој се напишани песни, романи, насликани слики, серии и филмови, а со својата романтична атмосфера не престанува да не освојува, маѓепсува и примамува. Убав во секој сантиметар и агол, едноставно е безвременски, совршен и грациозен.

Престојот во Париз дури и неколку дена е остварување на сонот, кој може да биде проткаен со луксуз, ако изберете еден од апартманите од нашата листа.

Кога станува збор за луксузни хотелски апартмани, кои се олицетворение на декаденцијата и луксузот, Париз дефинитивно има што да понуди. Овој пат, се потрудивме да ги најдеме најскапите во цела Франција, земајќи ја предвид цената на само една ноќ.

Со фактот дека париските недвижнини се меѓу најскапите во светот, не беше толку тешко да се претпостави дека сите пет најскапи апартмани, колку што има на нашата листа, се наоѓаат во главниот град на Франција. Ако сте подготвени да зароните во светот на декаденцијата која и ќе ги остави и некои кралеви без текст, ви предлагаме да ја разгледате нашата галерија.

Пентхаус во FOUR SEASONS HOTEL GEORGE V (26.000 долари)

 APARTMAN IMPERIALE, RITZ (30.600 долари)

LES GRANDS APARTMANS, HOTEL DE CRILLON  (43.987 долари)

 ARC DE TRIOMPHE APARTMAN, HOTEL BARRIERE LE FOUQUET(17.759 долари)

 HARCOURT PARIS APARTMAN, HOTEL BARRIERE LE FOUQUET (6.000 долари)

СПОДЕЛИ
Претходна објаваОва лето: oсвежете го својот дом со Capri Pink нијанса!
Следна објаваНеобичен дизајн на семејна куќа во Украина!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ