Кога ќе ги затворите очите и ќе си го замислите вашиот дом од соништата, што гледате?

Дали е тоа можеби луксузна вила, на три ката, со бела фасада, прекрасни детали од гипс, фонтана и патека со неколку луксузни автомобили напред? Или, тоа е скромно дизајнираното скривалиште, далеку од цивилизацијата, кое ви нуди мир и тишина како најголем луксуз, што дефинитивно го немаме доволно во повеќето случаи? Па, веруваме дека структура за каква што зборуваме денес, а која е инспирирана од школки, сигурно никогаш не би ви паднала на памет!

Партнерите на К & Б, компанија за архитектура и дизајн на ентериери со седиште во Одеса, предводена од Ковтун Јури и Бураков Егор, ја дизајнираа Шел Хаус, модерна семејна куќа која ќе се гради во близина на морето во Коблево, Украина.

„Оваа модерна семејна куќа, сместена покрај море, може да собере две или повеќе лица. Концептот за градба е позајмен од школки, кои се честа појава во ова поднебје. Куќите тука главно се креираат од дрво, и кога станува збор за нивните структури и за нивната декорација. Невообичаената форма која е креирана сигурно нема да ве остави рамнодушни“, објаснуваат архитектите.

Слободно можеме да кажеме дека претходната година нè научи да не правиме компромиси кога станува збор за дизајнот на нашиот дом, бидејќи можеме да станеме негови заточеници преку ноќ, како што се случи минатата пролет. Сопствениците на оваа зграда ќе можат да се вселат во пролетта 2023 година и сигурни сме дека ќе бидат воодушевени од добиените резултати.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНајскапи, најлуксузни и најдекадентни хотелски апартмани во Франција
Следна објаваПарео здолниште – не е само за на плажа !
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ