Сите веќе знаеме дека сончевите зраци можат да бидат многу штетни за нашето здравје, но и за изгледот на нашата кожа …

Токму поради оваа причина е многу важно да се користи крем за сончање на дневно ниво во деловите кои се изложени на сончевите зраци. Освен што може  да предизвикува рак на кожата, сонцето може да го забрза процесот на стареење на кожата бидејќи УВ зраците го оштетуваат колагенот и еластичните влакна, што резултира со брчки, сува кожа и хиперпигментација.

За да се избегнат овие несакани последици од сончањето, важно е правилно да се заштити кожата, а за да се обезбеди соодветна заштита на кожата, потребно е да се користи кремот со заштитен фактор во секојдневната нега на кожата.

Меѓутоа, при нанесување крем со заштитен фактор, важно е да знаете колку да нанесете, бидејќи ако го нанесете во премала количина, тој нема да може да си ја заврши својата работа или да ја заштити вашата кожа.

Колку крема за сончање е доволно за да се заштити кожата? Одговорот на ова прашање е two finger метод, односно метод на два прста. Овој метод е многу корисен за да знаете точно колку треба да се нанесе кремот за сончање. Нанесете го кремот, по должината на показалецот и средниот прст и потоа нанесете го кремот на лицето и вратот.

СПОДЕЛИ
Претходна објава6 правила кои ги следат најдобро облечените жени!
Следна објаваМодни комбинации кои ќе ве инспирираат да бидете модерни и стилски во текот на месец мај!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ