Сејшелите се поблиску од кога и да е, а како една од ретките дестинации кои со задоволство повторно ги пречекуваат туристите, тие се совршено место да избегаат од градот и да се препуштат на уживање.

Ако сте опседнати со бескрајни тиркизни океани, бујни тропски предели, бели недопрени плажи и уникатна фауна, магичните острови на Сејшелите ќе ви дадат одмор за паметење.

А за време на вашиот престој на Сејшелите, Constance Ephelia Seychelles и Constance Lemuria Seychelles, кои се дел од The Leading Hotels of the World, ќе бидат среќни да ве пречекаат и да ви обезбедат удобност како во вашиот дом, дури и ако сте далеку од него со километри.

Хотелот нуди разновидни активности на вода, како и можност да играте голф на најголемиот терен на Сејшелите со дури 18 дупки, дизајниран од архитектот на терените за голф Rodney Wright. Додека играте голф, можете да откриете цела низа пејзажи кои го одземаат здивот, од ридски до карпести. И, кога ќе стигнете до врвот на ридот, до 18-та дупка за голф, препуштете се на неверојатен поглед кон океанот и островото Cousin во прекрасното зајдисонце.

Во хотелските ресторани ве очекува вистинско гурманско задоволство. Едно од најубавите места за вечера во Constance Lemuria Seychelles има затскриен агол на ресторанот „Гнездо“, кој крие поглед на живописните карпи и кристално тиркизната вода која тоне во синилото на хоризонтот.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваГрадини од соништата : 6 оригинални идеи за вашата лична оаза во природа
Следна објаваСо ѓердани од перли ова лето ќе бидете супер модерни!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ