Славниот дизајнер Кристијан Диор имаше неверојатно инспиративна врска со Бразил во неговите рани години, а денес, како омаж кон таа страст, уметничкиот директор на брендот, Корделија де Кастелан, претставува ексклузивна декоративна колекција  инспирирани од Копакабана.

Колекцијата се состои од светли и шарени парчиња, со прекрасни лисја и нежни цветни мотиви, кои се придружени со прекрасни подметачи од рафија. Вазни, стаклени тегли и други украсни парчиња се претворени во шармантни аквариуми кои се со извонредно насликани риби и корали. Крајниот резултат е колекција која е омаж на уметноста на гостопримството и забавата, проткаена со боемскиот начин на живот.

Врската на Кристијан Диор со Бразил никогаш не била тривијална. Тој отсекогаш бил инспириран од бразилскиот начин на радост кон животот и живописните бои кои ги рефлектира земјата, а многу од неговите модни идеи произлегле од таа врска, вклучувајќи различни бои и дезени на фустани, кои можат да се видат во неговата колекција на висока мода во Сао Паоло, Бразил и Соире во Рио.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваКако да патувате безбедно во свет со пандемија!
Следна објаваОТВОРЕН ПОВИК ЗА ОБЈАВА И ПРОМОЦИЈА НА СОВРЕМЕНИ ДРАМСКИ ТЕКСТОВИ
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ