Најлошата година во поновата историја на патувања е конечно зад нас, но фактот дека гледаме друг број на календарот кој ја одбележува годината, нема да доведе до исчезнување на пандемијата …

Сепак, со тоа што вакцините полека го наоѓаат патот до луѓето од целиот свет и со фактот дека сме далеку повеќе запознати со мерките за превенција кои ни се достапни, 2021 година можеби ќе ја задоволи жедта за патување, на најдобар можен начин.

Од перспектива на патниците, оваа година ќе биде далеку подобра од 2020 година, која беше обележана често со полициски час, затворање на границите низ целиот свет и укинување на авионскиот, автобускиот и на сите други видови сообраќај – многу е малку веројатно дека ќе се вратиме на таквата ситуација.

Сепак, безбедносните мерки сè уште постојат, затоа едноставно мора да ги земете предвид при планирање на следниот одмор. Ако ја следите нашата листа, вашето патување може да оди многу подобро.

  • Лична заштитна опрема
  • Ако планирате какво било патување, до која било дестинација во блиска иднина, мора да носите опрема за лична заштита, која е задолжителна на сите аеродроми, авиони, возови, автобуси и други начини на транспорт. Иако безбедносните мерки може да не се применуваат на некоја локација, треба да се придржувате кон нив, за ваша лична безбедност:
  • Докажано е дека заштитните маски N95 или слично се ефикасни бариери за вирусот
  • Средство за дезинфекција на раце
  • Заштитни ракавици

Патничко осигурување

Иако превентивните мерки и одржувањето на физичка дистанца веројатно ќе ве заштитат од можна инфекција, секогаш постои можност тоа да се случи, и покрај сите ваши напори. Патничкото осигурување треба да биде задолжителен дел од секоја ваша меѓународна авантура, бидејќи ќе ви заштеди многу пари и грижи доколку се појави здравствена состојба.
Внимателно изберете ги вашите дестинации

Наместо едноставно да одите на првото место што ќе ви падне на ум, внимателно изберете ја локацијата на вашиот одмор оваа година. Разгледајте ги следниве прашања:

Дали одредена дестинација е отворена за посетители

Дали стапката на инфекција е под контрола

Дали е ниска стапката на смртност

Дали има нов вид на коронавирус на таа локација

Тестирајте се пред патувањето

Сигурни сме дека нема да патувате доколку имате некој од симптомите на вирусот корона, но запомнете дека има таканаречени асимптоматски случаи – тоа е дека некое лице може да биде заразено без воопшто да биде свесно за тоа. За ваша лична безбедност и безбедност на другите, тестирајте се неколку дена пред патувањето. На тој начин, ќе бидете сигурни дека нема дополнително да ја ширите оваа инфекција, која целиот свет се обидува да ја контролира, а покрај тоа, сигурно ќе можете да влезете во повеќето земји во светот.

Ова е исто така совршена година за посета на егзотични и изолирани локации низ целиот свет – ќе бидете во друштво со помалку туристи, додека исто така ќе имате дополнителни опции, како што е истражување на природната средина, наместо да ги посетувате ноќните клубови.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваТренд кој ќе го прифатиме оваа пролет – пачворк!
Следна објаваDIOR MAISON: нова пролетна колекција инспирирана од Бразил!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ