Пачворк трендот не само што е привлечен и кул, туку е и лесно одржлив …

Трендсетерите како Бела Хадид и Џенет Мадсен носат пачворк облека со месеци, а овој тренд го забележавме и на пистите.

Навистина, италијанската куќа Долче и Габана го направи пачворкот главна тема на својата колекција пролет-лето 2021 година, наречена „Пачворк на Сицилија“. Колекцијата е современа, нослива и ексцентрична, претставува поплава од бои и калеидоскоп на стилови, каде што секое парче е уникатно, изработено од ткаенини на стари материјали од куќата.

Од тексас јакни, до шорцеви, фустани или модни додатоци, време е да инвестирате во едно од овие, од vintage инспирирани парчиња.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваКакви ѓердани се носат оваа пролет?
Следна објаваКако да патувате безбедно во свет со пандемија!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ