Досега имавме можност да видиме голем број на необични структури низ целиот свет како што се зградата Рен во Кина, Баскет зградите во САД, Cybertecture Egg во Индија и палатата Меур во Франција …

Дубаи веројатно ќе се приклучи на оваа неверојатна листа многу скоро, ако израелскиот уметник, Зиго и неговиот тим успеат да го конструираат облакодерот Clothespin кој засекогаш ќе ја промени неговата панорама.

Компанијата Clothespin ќе го трансформира познатото уметничко дело во реален проект, кој комбинира две комплементарни половини, како што можеме да видиме на обичните штипки за алишта.

Како што вели самиот уметник, ова е најголемото уметничко дело некогаш создадено и се надева дека иконската кула ќе биде симбол на љубов, мир и надеж, дека на крајот ќе стане траен дел на панорамата во градот.

Четириесет-катната кула е поделена на два дела, од кои едниот ќе има улога на хотел, со дури 1.200 прекрасно декорирани соби. Другата половина ќе содржи 300 луксузни апартмани, заедно со 10.000 квадратни метри комерцијален простор во форма на трговски центри, галерии на современа уметност, ресторани и многу повеќе.

Кулата Clothespin ќе биде совршена метафора за идното поврзување на Израел и Обединетите Арапски Емирати.

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваРазбудете го вашиот заспан сјај!
Следна објаваБезпрекорна привлечност во новата колекција на Шанел- есен/зима 2021!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ