Оваа пролетна сезона изберете розови нијанси и природен сјај …

Chanel Beauty претстави комплетно нова колекција, која дефинитивно ќе го подобри природниот сјај на вашиот тен. Наречена Le Blanc, новата палета е инспирирана од јапонските бисери Akoyа.

Палетата сенки за очи која е дел од новата колекција содржи четири различни нијанси, како што се чиста бела, бисерно-бела, розова и боја на модар патлиџан со примеси од бакар.

Кога станува збор за кармините Rouge Coco и Rouge Allure, тие доаѓаат во нови розови тонови, идеални за пролетната сезона.

Додајте сјај на вашиот изглед користејќи хајлајтер во прав со розова светкава боја на шампањ или изберете ја опцијата Baume Essentiel во нијанси на Printanier или Perlescent.

Колекцијата е комплетирана со лак Le Vernis, достапен во бакарна Perle Burgundy и бисерно-бела, Perle Blanche нијанси.

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНајневообичаени стилови на модната ревија на Долче и Габана есен/зима 2021!
Следна објаваДубаи ќе го добие најголемото уметничко дело на светот!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ