Меѓународниот Ден на жената и женскитe права и слобода 8 март не би требало да има симболичен статус и е многу повеќе од само подарување на цвеќе и слично. Тој преставува симбол на борбата на жените за економска, социјална и политичка рамноправност во општествито.
Почетоците на оваа приказна датираат на почетокот на XX век, во времето на големи турбуленции во општеството кое се повеќе го доживувало својот индустиски напредок, а во истовреме се зголемувала присустноста на различните идеологии помеѓу народот.
Токму поради сето ова, жените добиваат поттик слободно да го изразат своето мислење и да спроведат кампања со цел добивање на своите права и подобрување на сопствениот статус. 15.000 илјади жени излегле на улиците на Њујиорк со барање, поголеми плати, право на глас и помалку раб. часови.
На 28ми февруари 1909 година на барање на Социјалистичката Партија на Америка по прв пат е одбележан Денот на Жената. Под закрила на Интернационалната Конференција на жените со седиште во Копехаген, Данска, Клара Цеткин го изнесува својот предлог за празнување на Денот на Жената, со една единствена цел а тоа продолжување на борбата за женските права.

Германија, Данска, Австрија и Швајцарија се првите земји кои почнуваат да го празнуваат и тоа на 19ти март. Во Русија по иницијатива на Александра Колонтај, 8 март запрвпат е прогласен за државен празник. Набргу по тоа се случува се случува трагичен настан во фабрика на Менхетен каде во пожар животот го губат повеќе од 140 жени, главно емигрантки. Немилиот настан предизвикува уште пожесток отпор кај жените и така продолжува нивната борба за подобрување на животните околности. Така осми март е денот кога е официјализаран празникот на жената, а нејзината борба за еднаквост, право на образование, здравствена грижа, безбедност, и воопшто поголеми права продолжува и денес.
Република Македонија значително работи на сите полиња-економски, политички, социјални и здравствени, се со цел да се подобри и олесни животот на секоја жена во ова општество. Министерството за труд и социјална политика има формирано Сектор за еднакви можности со цел за унапредување на статусот на жените во сите области на општественото живеење и воспоставување на еднакви можности за жените и мажите, на национално и локално ниво. Секторот за еднакви можности преку соработка со надлежните институции во државата, како и во соработка со граѓанскиот сектор и со социјалните партнери активно работи кон промовирање на еднаквите можности на жените и мажите. Секторот е одговорен за спроведување на позитивната законска регулатива во Република Македонија, Законот за еднакви можности на жените и мажите и Стратегијата за родова еднаквост 2013-2020. Превенцијата и заштитата од секаков вид на насилство и дискриминација претставуваат дел од активностите на Секторот. Република Македонија успешно ги следи и работи според следните меѓународни конвенции и декларации: Универзална декларација за човекови права Конвенција за елиминација на сите форми на дискриминација врз жените Европската конвенција за човекови права Конвенција за борба против трговија со луѓе и транснационален организиран криминал и Протокол од Палермо – Европската конвенција на Совет на Европа за борба против трговија со луѓе.
Универзална декларација за човекови права
Конвенција за елиминација на сите форми на дискриминација врз жените
Европската конвенција за човекови права
Конвенција за борба против трговија со луѓе и транснационален организиран криминал и
Протокол од Палермо – Европската конвенција на Совет на Европа за борба против трговија со луѓе.
Во еднаквите можности на жените и нивните права влегува и женското здравје на кое што треба многу да се работи. Тоа преставува состојба на емоционална, социјална, културна, душевна и физичка благосостојба на жените која истовремено е детерминирана од нивниот општествен и економски статус,како и од нивните биолошки карактеристики.Жените имаат право да ги уживаат највисоките достапни стандарди на физичко и на ментално здравје. Уживањето на ова право е витално за нивниот живот и добросостојба, како и за нивната можност да учествуваат во сите полиња на јавниот и на приватниот живот.
Почитувани наши дами, тимот на Дивианартс ви го честита Денот на Жената, 8 Март!

НЕМА КОМЕНТАРИ