Светот го прифати Париз како еден од најубавите градови на планетата …

Кога помислуваме на Париз, помислуваме на уметност, романса, привлечност и вибрации поврзани со начинот на живот, потполно неспоредлив со кој било друг град во светот, па лесно можеме да се запрашаме дали има потреба од понатамошно унапредување на нешто што е веќе завршено, уникатно?

Очигледно е така, затоа што неодамна градоначалничката на Париз, Ана Идалго, започна проект вреден двесте четириесет и седум милиони евра, задолжен за целосна реставрација на најпознатото место во овој град, Елисејските полиња. Ова е една од најпопуларните локации поради легендарните шопинг улици, има осум ленти за сообраќај и се протега од Триумфалната порта до плоштадот Конкорд, што само значи дека и е потребен голем зелен проект за да може да го надмине влијанието на нејзините грандиозни продавници.

Авенијата долга скоро два километри целосно ќе се трансформира во неверојатна урбана градина, нудејќи место за уживање, а работите ќе бидат завршени до 2024 година.

Сите љубители на градот на светлината, но и оние луѓе кои сакаат да се упатат кон него, секако можат да бидат задоволни со галеријата на фотографии од новиот проект.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПогледнете го најубавиот скијачки ресрот на светот!
Следна објаваДиор со домашни обувки Chez Moi!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ