Chalet Marco Polo е идеално место за одмор и уживање во луксузно и планинско опкружување …

Овој раскошен ресорт се наоѓа во срцето на славното одморалиште Val d’Isere – Франција, нудејќи им на сите свои посетители интимен луксуз и најелегантна атмосфера на престиж. Сè што е во и околу него е дизајнирано и внимателно испланирано, за да биде најубаво од ваков вид во целиот свет – типична планинска декорација со силно присуство на дрво, камен и крзно, која му дава сосема посебен карактер.

Повеќе од илјада квадратни метри им се достапни на гостите, заедно со ложи, бар, камин, отворени и затворени кујни, балкони и шест соби и апартмани. Објектот е шик израз на луксузна софистицираност со поглед кон Алпите кое буди чувство на стравопочит кај секој посетител.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМебел: Ода на минимализмот!
Следна објаваПариз добива неверојатна урбана градина!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ