Секој од нас, колку и да се трудиме да го негираме тоа, знае дека физичкиот изглед е важен …

Токму од таа причина, ние купуваме облека која ја истакнува нашата фигура на најдобар начин, ги нагласува нашите доблести и ги криеме своите недостатоци. Ние трошиме големи суми пари на производи за нега на кожата кои ќе го забават појавувањето на првите брчки и знаци на стареење.

Ние ја третираме косата кај оној фризер на кој му веруваме и се оставаме на неговата милост, без разлика дали е тоа боење, сечење или стилизирање.

Затоа, кога ќе го напуштиме салонот, даваме се од себе да ја задржиме убавината на нашата фризура што е можно подолго. Женскиот дел од популацијата е особено таргетиран кога станува збор за такви трошоци, избирајќи шампони и производи за нега на коса кои ќе им помогнат да го задржат својот сјај, убавина и бујност, со кои импресионираат, освојуваат и заведуваат.

Косата е круна на нашата глава и затоа го заслужува само најдоброто. Додека многу луѓе мислат дека квалитетот не мора да се цени, во светот на производите за нега изреката – колку пари, толку музика – дефинитивно е точна. Производите што доаѓаат со повисока цена обично содржат подобар квалитет и почисти состојки, што ќе ви помогне во секојдневната мисија за одржување на фризурата.

Овој пат, решивме да споделиме со вас листа на најдобри луксузни шампони за секој тип коса, што можете да ги откриете во нашата галерија.

Revalid шампон за стимулација на раст на косата

За волумен – Rahua Voluminous Shampoo

Против перут- Matrix Biolage Scalpsync Anti Dandruff Shampoo

За сјај на косата – Oribe Shampoo for Brilliance & Shine

 

За фарбана коса – Rita Hazan True Color Shampoo

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСувенири од Рим: колекција на Гучи Декор!
Следна објаваВраќање кон традицијата во новата колекција на Диор за мажи!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ