Колекција на Гучи Декор е посветена на патувањето низ главниот град на Италија …

Како и секогаш, домашните производи се карактеризираат со комбинација од неколку расположенија одеднаш. Овој пат гледаме комбинација на винтиџ и поп-арт, кои во моментов се рефлектираат на столици и чинии, свеќници и тапети.

Колекцијата Гучи Декор е исполнета со многу мотиви кои го олеснуваат препознавањето на Maison стилот. Обилната комбинација на бои, дезени, детали и текстури привлекува внимание. Дизајнирана за самоизразување и инспирирана од занаетчиството на италијанските занаетчии.

Познатиот лик на Дизни, Мики Маус, може да се најде на порцеланска чаша со капак и на кутија. Чинии во облик на sвезда и кружните кутии со капаци и задебелени дезени почнуваат да стануваат препознатлив идентитет на Гучи.

Покрај свеќниците и приборот за јадење, колекцијата е богата со фотељи, рачно насликани тапети, перници и покривки.

И покрај фактот дека колекциите на Гучи Декор имаат сезонска природа, различните производи одат добро заедно и личат едни на други. Целта на колекцијата е да нема правила, но ве охрабрува да експериментирате и да го изразите вашиот стил.

 

СПОДЕЛИ
Претходна објава2020 Golden Needle Design Award за одморалиштето Yezo !
Следна објаваНега и убавина на коса!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ