Идилично планинско одморалиште Yezo …

Тоа е мал, тивок и спектакуларен имот лоциран во планините Хокаидо во Јапонија. Создадено како дело на јапонското студио за архитектура, Laboratory for Explorative Architecture & Design, ова одморалиште содржи елементи на експериментален дизајн и природна инспирација, која сигурно ќе ве остави без здив.

Конструиран со употреба на дрво, камен, вода и светлина во големи пропорции, Yezo Retreat Resort е идеален за сите оние луѓе кои копнеат по осаменост во прегратките на природата. Се одликува со прозорци од подот до таванот и еден голем простор комплетиран со кревет, место за седење, камин и скали наместо посебни спални соби.

Главниот детаљ на одморалиштето е неговиот покрив, каде што има еден вид кровна тераса, со две столици. Со елементи како централен бетонски оџак и интересен покрив, одморалиштето Yezo успеа да ја однесе дома наградата за дизајн 2020 Golden Needle Design Award.

Редефинирајќи ја модерната суштина на луксузот, овој имот претставува минималистички, но целосен простор идеален за тивка интроспекција со мало влијание на екологијата. Ако ви е потребен одмор некаде далеку, во срцето на природата, знаете каде да го најдете.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваБела чанта како задолжителен зимски моден додаток!
Следна објаваСувенири од Рим: колекција на Гучи Декор!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ