Не постои жена на целиот свет која не поминала цела вечност во потрага по таа совршена нијанса на црвен кармин, која ќе ги направи нејзините усни, насмевка и став помоќни, впечатливи и посилни …

Исто така и брендот Диор сака да ни го олесни тоа пребарување за следната година со лансирање на своите нови производи за убавина.

Оваа модна куќа е подготвена да ги трансформира иконсите кармини Rouge Dior и нивното пакување, истовремено лансирајќи мелем за усни Rouge Dior Satin.

Новиот производ за нега на усните е изработен 95% од состојки со природно потекло, како што се екстракт од црвен божур, цвет од калинка и ши путер, кои заедно ќе ги хидрира, храни и подобри изгледот на вашите усни.

Доаѓајќи во универзална нијанса, 000 Diornatural, производот е погоден за сите тонови на кожата.

Како што дознаваме, новитетите ќе бидат достапни во Dior Beauty бутиците и преку Интернет од 1 јануари, додека дополнителни нијанси ќе бидат пуштени во продажба петнаесет дена подоцна.

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЛиковите на анимираниот филм „Мојот сосед Тоторо“ ќе се појават во новата колекција на LOEWE
Следна објаваSирнете во бајковитиот замок на сред езеро!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ