После долгиот и напорен ден, чистењето на лицето обично се сведува на малку вода и неколку секунди триење.

Совршено е разбирливо што сакате да го забрзате последниот чекор што ве дели од спиењето, но малку повеќе време пред мијалникот ќе ја направи вашата кожа значително посјајна. Ова е особено важно во ситуации кога имате многу шминка на лицето. Како правилно да се исчисти кожата? Применете го едноставното правило 60/30. Исчистете го лицето со соодветен производ 60 секунди, а потоа плакнете го во следните 30.

Дерматолозите сметаат дека е доволна една минута за целосно отстранување на нечистотијата акумулирана во порите. Темелното плакнење 30 секунди ќе осигури дека остатокот од средствата за чистење е целосно исплакнат.

Кога станува збор за чистење на лицето, посветете поголемо внимание на проблематичните области со запушени пори, бидејќи така полесно ќе ги исчистите и исплакнете.

Предолго или премногу енергично триење може да ја оштети површината на кожата, па затоа е најдобро нежно да го масирате лицето со ритмички, кружни движења.

Во зависност од тоа кој производ користите, можете да ја чистите кожата секојдневно или неколку пати неделно (само ако не се шминкате). И во двата случаи, важно е да се изберат најприродните гелови и пилинзи, за да не се предизвика прекумерно сушење на кожата или алергиска реакција на која било од состојките. Избегнувајте сè што мириса интензивно.

Покрај редовното чистење на лицето, еднаш неделно направете пилинг. Значи, не само што длабоко ќе ги исчистите порите и ќе ги отстраните мртвите клетки, туку исто така ќе ја подобрите текстурата на тенот и ќе ја изедначите.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваАнгел од небото: Ирина Шајк во најубавата јакна оваа зима!
Следна објаваЗошто треба да пиете чај од камилица пред спиење?
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ