Чајот од камилица веќе долго време се користи за лекување на несоницата, но истражувањата покажуваат дека оваа чудесна билка помага и во ублажување на чувството на вознемиреност и одржување на здравјето на коските. Кога пиете чаши чај од камилица по вечерата, може да се чувствувате порелаксирано и подготвени за спиење. Но, не смирува само топлата течност …

Камилицата има својства кои всушност помагаат во подобрување на квалитетот на спиењето и расположението, го поддржуваат здравјето на коските и ја ублажуваат болката.

Подолу погледнете кои се 4-те најважни придобивки од пиењето чај од камилица.

Помага при несоница

Чајот од камилица веќе долго време се користи во третманот против  несоницата. Тоа е затоа што камилицата содржи апигенин, кој е флавоноид. Флавоноидите се хемиски соединенија кои им даваат боја на растенијата и се богати со антиоксиданти, помагајќи му на вашето тело да се бори против токсините.

Го одржува здравјето на коските

Чајот од камилица е добар за здравјето на коските, бидејќи флавоноидите во камилицата им помагаат на коските да се санираат и растат. Камилицата исто така може да помогне во регулирање на  активности за градење на здрави коски. Ова откритие може да биде особено значајно за жените кои се склони кон остеопороза во менопаузата, намалување на естрогенот и губење на сржта на коските.

Ги ублажува менструалните болки

До 93 проценти од жените можат да доживеат менструална болка за време на нивниот живот, а чајот од камилица може да биде едно од решенијата за овој проблем. Топлите, смирувачки пијалоци можат да ја ублажат болката.  Сепак, камилицата е подобра бидејќи како нането и други билки има ефекти кои ги олеснуваат грчевите во мускулите. Хемиската структура на камилицата содржи аминокиселини кои ја олеснуваат релаксацијата на матката.

Помага при вознемиреност

Камилицата е добра за анксиозност пред се поради нејзините ефекти врз симптомите на состојбата. Со подобрување на спиењето, релаксирање на мускулите, намалување на крвниот притисок и овозможување состојба на релаксација, можете да ги намалите симптомите на анксиозност како што се несоницата и раздразливоста.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваДали знаете што значи правилото за убавина 60/30?
Следна објаваСовршени зимски влечки за празничните денови дома!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ