Со оглед на тоа дека целата оваа година може да се опише било каква, само не обична, зошто тогаш и нашите патувања не би биле такви?

Зошто, на пример, не би си дозволиле сосема поинаква авантура, кога таа конечно ќе стане дел од нашата нова реалност?

Одморалиштето White Desert се наоѓа во самото срце на Антарктикот, каде ќе можете да запознаете колонии на пингвини, ледени масиви и пејзажи кои можете да ги видите само еднаш во животот.

Трите понуди на White Desert имаат неколку заеднички работи, почнувајќи од нивната почетна точка. Сите патувања започнуваат од Кејптаун – по краток брифинг, ќе патувате со авион 5 и пол часа. Илујшин 76 ќе ве однесе подалеку од Арктичкиот круг, без зајдисонце. Кога ќе пристигнете, ќе бидете еден од ретките луѓе кои имале привилегија да чекорат на Јужниот пол.

Ако се одлучите за дневниот пакет на White Desert, ќе слетате во камп со дрвени ложи, од кои некои имаат свои трпезарии, ложи и барови, а има и сауна.

Како што веќе рековме, White Desert нуди три различни начини да се истражи Антарктикот и да се откријат неговите уникатни предели и најбројните жители – пингвините.

Третата авантура, 24-часовната White Desert Expedition, ќе ве чини 9.800 долари, но достапна е само во одредени денови. Доколку се одлучите за овој пакет, ќе поминете 12 часа на Антарктикот, за време на кое ќе ги тестирате своите вештини за истражување и ќе ги посетите ледените пештери и природните тунели формирани од глечерите.

Секако, секоја од авантурите е испланирана и дизајнирана за целосно почитување на природата во која се наоѓа, па затоа и самите логори се насочени кон истата цел.

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСе продава некогашната вила на Џорџ Вашингтон!
Следна објаваТренинг за цело тело,едноставно до фит форма
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ