Имотот Монт Вернон, каде што живеел Џорџ Вашингтон, се состои од дури шест фарми, од кои едната се наоѓа на блискиот рид …

Пред неговата смрт, Вашингтон го препуштил имотот на неговиот личен секретар, Тобијас Лир и на неговата сопруга, која била внука на Марта Вашингтон. Прекрасниот имот со површина од 16,5 хектари, наречен River View, сега може да се купи за 60 милиони долари.

Вилата лоцирана на овој имот не е оригинална градба, туку новоградба која добила федерален стил благодарение на архитектот Џим Рил. Деталите од тој период, како што се касетираните тавани, дрвени подови и заоблени врати и прозорци, можат да се видат насекаде, се чини дека се богати со историја.

Речиси сите простории се отвораат кон дворот, додека главните тераси како да бараат организирање празнични настани на нив.

Градините со рози кои некогаш ја краселе оваа вила се повторно создадени благодарение на плановите пронајдени во внатрешноста на вилата.

Приватното пристаниште е исто така во близина, како и приватна плажа која е дополнително зајакната за да се спречи понатамошната ерозија.

Промислени и прогресивни системи го акцентираат целиот овој дом. Постои геотермален систем за греење, модерен бунар и дополнителни генератори на електрична енергија, додека безбедносните, забававните  и помошните системи се исполнети со најсовремени технологии.

Овој имот со седум спални соби и тринаесет бањи е најскап во овој дел од светот.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваДали портокаловата е новата црна?
Следна објаваНајлуксузен одмор на најстудената локација на планетава!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ