Заедничка изложба на Давор Кешќец и Стефан Младеновски во Младински Културен Центар. 

Давор Кешќец и Стефан Младеновски, колеги кои заедно имаат завршено средно уметничко (оддел графика) и се дипломирани графичари на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Членови се на ДЛУМ од 2020 год.
Ова е нивна прва заедничка изложба на која Давор ќе се претстави со серија на дела под наслов “Blue moon”, а Стефан со неговите “Ликовни решенија”.
На изложбата ќе може да се видат две сосема различни гледишта кон ликовната уметност.
. . .
Изложбата ќе се одржи под сите безбеносни протоколи поради ковид кризата.
Почеток на изложбата е во 20.00 часот во Младинскиот Културен Центар.
 
Давор Кешќец

Стефан Младеновски

НЕМА КОМЕНТАРИ