Почитувани, согласно одредбите од Законот за заштита и спасување трговскиот центар Скопје Сити Мол, управуван од трговското друштво СЦМ РЕТАИЛ ДООЕЛ Скопје, на ден 20.10.2020 година ден вторник , со почеток во 07:30 часот ќе изврши тестирање на Системот за заштита и спасување. 

Тестирањето ќе биде спроведено со цел да се направи проверка на функционирањето на Кризниот Штаб на Трговскиот Центари на универзалната единица – просторните сили за заштита и спасување, како и начин да се тестираат протоколите за реакција во кризни ситуации. 

Главната цел на вежбата е СПРАВУВАЊЕ СО ПОЖАР и евакуација на сите присутни вработени и посетители во Скопје Сити Мол , како би биле подготвени за управување на најдобар можен начин со можни ризици и вонредни ситуации.     

Евакуацијата ќе биде спроведена од страна на мониторинг центарот, оперативците од Агенцијата за обезбедување ОСА, како и  учество на вработени од службата за хигиена во молот ХАУЗ МАЈСТОР ПЛУС. 

Противпожарната вежба ќе биде изведена под надзор на стручни лица од Бригадата за противпожарна заштита и Кризниот Штаб на Универзалната единица за заштита и спасување на Скопје Сити Мол. 

За време на вежбата строго ќе се почитуваат препораките за заштита од Ковид 19. 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЗаедничка изложба на Давор Кешќец и Стефан Младеновски во МКЦ
Следна објаваМодно патување со „VOYAGE“ на Стефанија Насеска
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ