Младиот уметник Давор Кешќец-(1997) е несомнено еден од нашите најталентирани млади уметници кој со својата целосна посветненост кон работата за кратко време стана препознатливо име на македонската културна сцена. Со својот автентичен и конзистентен стил тој е единствен наш автор кој естетско-инспиративниот момент го пронаоѓа во ПОП-АРТ Културата.

Ова уметничко движење уште од своите рани почетоци па се до денес силно влијае врз секојдневниот стил на живот, и на свој карактеристичен начин анализирајќи го истиот завзема критички став на мас-медиумите, луѓето и предметите. Поставувајќи се како еден вид на одредница, ПОП АРтот е еден вид на одредница која успешно ги поместува границите на виртуелното и реалното. Пропагирајќи ја сопствената естетика како медуим тој се коси со строгите закони на веќе поставената класична уметност. Познатиот Ричард Хамилтон ќе го дефинира овој уметнички правец како,(Young, Witty, Glamourous, Popular and Sexy).

Во време кога нашите културни медиуми одвојуваат многу малку место за културно-уметничката сцена, младите творци се исправени пред огромен предизвик творејќи во една мала пост-транзициска средина каде што постојат стереотипи и предрасуди, трудејќи се да внесат нова енергија.

Нашиот денешен соговорник младиот Давор е еден од предводниците на т.н Зумерски бран, група составена од млади автори од повеќе области на уметноста која беше дел од проектот „Градот убав“ – прва галерија на отворено за урбана и графити уметност во Скопје и „Бетонските постаменти“. Својата прва самостојна изложба тој ја реализираше во 2018 година и беше нaсловена како (SHE). Во овие дела е преставена жената како вечна инспирација, а со специфичната стилизација на уметникот и перфектната преобразба на моделот во симбол, Давор со својата сликарска имагинација им внесол раскошност на платната низ психолошка состојба која најдобро се изразува со мечта.

                               ДЕЛ ОД ИЗЛОЖБАТА (SHE) ВО МКЦ 2018

>МЛАдиот Давор одвои од своето време да ни одговори на неколку прашања.<<<

 

ДИВИАНАРТС : Давор, би ве запрашала дали е поголем предизвикот да се црта во студио или на отворен простор, и дали повторно ќе бидете дел од Проектот за разубавување на нашиот град?

Давор: Поголем е предизвикот да се црта на отворен простор со оглед на тоа што не е секојдневно и секој пат кога црташ надвор е на различна локација и ти се прилагодуваш на околината. Кога црташ во студио или во мој случај дома во соба не е воопсто предизвик бидејќи можеш да црташ кога и колку сакаш. Што е до мене јас би учествувал во сите такви проекти, но тука не одлучувам јас.

Муралот кој го изработи Давор како дел од проектот „Градот убав“

ДИВИАНАРТС:Која современа ликовна светска сцена според тебе е предизвик и ја сметаш за најдобра во моментов?

Давор; Мене најголем впечаток ми оставаат уметниците како BANKSY, Shepard Fairey (obey), JR, D* Face… кои се декларирани како улични уметници. Но на страна од тоа тие прават и слики, графики, скулптури… што и не ги прави само улични уметници. Таа уметност ми се свиѓа бидејки е настаната без никакви очекувања и без умилкување. Со оглед на тоа дека повекето од овие умерници започнале со цртање графити, не им идело со тоа па почнале да прават улична уметност. И згора на се BANKSY со неговите дела кои ги купуваат тие што он ги критикува, зарем не е тоа PUNK.


 

ДИВИАНАРТС: Давор,Каде има ваши дела, каде може да се купат?

Давор :Уште одамна моите дела можат да се видат на ѕидови бидејки и ја првин почнав со цртање графити па после и со правење шаблони. После неколку години пауза се вратив на ѕидовите со муралот на ГТЦ во првата галерија на отвпрено. Може да се видат и на бетонските постаменти поставени на булеварот Партизански одреди. Дела кои не се на ѕидови може да се видат и во lounge bar, модни парчиња облека и последно нешто каде можат да се видат мои дела во овој случај илустрации е книгата Допир. Останатите дела можат да се видат на мојот фејсбук профил, инстаграм и мојата фејсбук страница каде и што можат да ме контактираа

Davor Keskec Facebook

Благодарност до авторот за искористениот материјал.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР