Необична и шарена куќа која е целосно под земја и има 3 спални, 2 бањи и 3 дополнителни простории го привлече целото внимание на сите. Куќата се наоѓа во во Бафало, Тексас.

Моментално се продава за неверојатни 2,2 милиона долари. За да влезете, треба да поминете низ таканаречена хобит-дупка, која е нацртана да изгледа како тунел од тули. Внатре веднаш сте „бомбардирани“ од светли бои. Секоја соба има уникатна тема и е различно дизајнирана.

Тој што ќе се одлучи да ја купи не купува само подземен дом. Имотот вклучува и надземни градби што се простираат на 14 хектари земја, како и гаража и работилница. Во близина на градбите има и езерце.

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПлетени кардигани – тренд на есенската сезона за младите (Millennials)!
Следна објаваШто да облечете ако ве поканат на свадба – 15 најубави фустани!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ