Сочувствтелна, конкурентски настроена и очигледно убава, се карактеристиките што ја дефинираат Wonder Woman, исто како колекцијата Limited Edition Fragrance & Bow Lipstick  засновани на ликот на хероината кој избегнува битки, но ја добива војната …

Мора да признаеме дека сме фасцинирани од фактот дека Gal Gadot уште еднаш ќе се најде во улога на хероината, Wonder Woman. Откако се израдувавме со колекцијата на маички Miu Miu Wonder Woman, мора да признаеме дека подеднакво сме задоволни со новата колекција House of Sillage, која е потврдено име во светот на луксузните парфимерии и козметики.

Љубителите на Wonder Woman можат да ги надополнат своите колекции посветени на познатата Амазонка, со купување на најновата колекција Wonder Woman 1984, во која има футрола за парфем и кармин, создадени во партнерство со Warner Bros.

Мирисот на Wonder Woman 1984 е смел и ќе ви даде доволно сили да го пронајдете својот  пат и страсно да ја следите вашата судбина, со жестока женственост и забава.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЗухаир Мурад – колекција венчаници за пролет 2021 година!
Следна објаваВеличенствено мајсторство во новата DIOR CRUISE 2021 колекција!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ