Создадено со помош на италијански занаетчии…

Диор ја претстави својата колекција Круз 2021, која е дизајнирана како омаж на традиционалните занаети и вештини на Пуља. За да ги потенцира вештините на локалните уметници, Марија Грација Кјури ангажирала цел спектар на мајстори, вклучувајќи ја везилката Марилена Спараши, како и ткајачките Џулија и Лусија Стараче, кои помогнале во креирањето на оваа колекција.

Новиот асортиман беше откриен на Пјаца дел Дуомо во Лече, град во Пуља, иако настанот беше организиран без публика, во согласност со мерките на претпазливост поврзани со пандемијата на вирусот корона.

Како бујна, романтична интерпретација на Пуља, оваа колекција вклучува цветен вез, нежни фустани од тантела и ткаени интерпретации на класични чанти на Диор – Lady bag и Book Tote.

Златниот накит го слави пејзажот на Пуља со прстени, нараквици и ѓердани во форма на инсекти, винова лоза и цвеќиња.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваУлтра луксузна колекција инспирирана од хероината Wonder Woman!
Следна објаваПогледнете го неверојатниот пентхаус на Сузан Сарандон!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ