Ако ви треба изолиран простор каде можете да се опуштите, да се развивате и да уживате во убавината на природата и во вашата околина, ние имаме вистинска работа за вас…

Елегантната, но суптилна лежалка за надворешноста, наречена Хат, ја создаде младиот архитект Марк Лавит за марката „Етимо“, и совршено ќе ги задоволи сите ваши потреби, благодарение на неговиот дизајн кој предлага нова димензија на удобност, давајќи чувство на топлина и заштита.

Ова парче мебел е изработено од сибирски ариш, серија на долги летви кои се елегантно се распоредени во форма на вигвам, со метални инсерти и детали, заградувајќи великодушно димензионирана кружна седечка област. Со додавање на меки перници, можете дополнително да го подобрите вашето искуство за уживање.

СО висина од 320 см и дијаметар од 300 см во пречник, седиштето може да се прилагоди според вашите потреби. Хат може да се персонализира со употреба на елегантни завеси кои целосно ќе го затворат просторот за седење, овозможувајќи минување на воздухот, а истовремено ве штити од директна сончева светлина.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваBURBERRY претстави несекојдневен каталог!
Следна објаваGeorg Jensen: Нова декоративна колекција со флуидни форми и висок сјај!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ