Новата колекција Фреквенција, дизајнирана за брендот „Георг Јенсен“ од Кели Верслер, е инспирирана од природата, внесувајќи малку калифорниски дизајн до инаку познатата скандинавска естетика и етос на овој бренд. Софистицираните украсни предмети, создадени од стакло и метал, ги содржат сите карактеристики што веќе можат да ги направат култни.

Нивната флуидност се пресекува со остри форми, а истата е акцентирана со материјали со висок сјај, кои му даваат сосема нова димензија. Создадени како совршени придружници на модерни, футуристички, урбанистички и минималистички простори, овие предмети носат доза на луксуз и софистицираност за секој амбиент, што можеби не го забележувате на прв поглед.

Навидум ладни остри, креациите на славната дизајнерка го наоѓаат патот до вашето срце со необични контури, кои отстапуваат донекаде од традицијата и конвенционалните норми на кои сме навикнати, што е во секој случај е добредојдено освежување на сцената на дизајнот.

 

 

 

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваШик и дноставно : Опуштете се во вашето приватно луксузно гнездо!
Следна објаваБлагоја Варошанец е добитник на наградата за ликовна критика „Ладислав Баришиќ“
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ