Најавувајќи дека ќе ја претстави својата колекција пролет / лето 2021 година дигитално, познатата марка Бaрбери сега понуди прв поглед на сезонската пред-колекција. Со вкупно дваесет комбинации на облека, Рикардо Тиши ги истражуваше архивите на познатиот моден бренд и наследството на основачот, Томас Барбери.

Парчиња, како познатите мантили и јакни се акцентирани во новиот каталог за кој позираа пријатели и вработени во самиот бренд, пред нивните домови во Англија.

Дизајните на роза инспирирани од античките англиски градини се вткаени низ секоја креација. Главните парчиња вклучуваат плетени здолништа и фустан со корсет, како и Pocket Bag торба, која доаѓа во целосно нова варијанта.

„Сакав да се сетам на познатите – работи кои ни даваат утеха и сила. Се свртев кон она што првично ме инспирираше во кодовите на Барбери, како што се шаховската табла, ленти и амблемите на еднорог, но им дадов нова перспектива, вклучувајќи елементи на софистицираност и уличен стил. Јас сум горд на оваа колекција, која не само што ги рефлектира и слави уникатните кодови што го сочинуваат овој моден бренд, туку и различните таленти што ја претставуваат нашата заедница, давајќи малку од својата магија на светот на Барбери “, објаснува познатиот дизајнер.

Целата колекција можете да ја видите во нашата галерија.

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПлетена облека – смел тренд на летната сезона!
Следна објаваШик и дноставно : Опуштете се во вашето приватно луксузно гнездо!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ